Тројца загинати во напади врз Доњецк

Од:

Три лица загинаа, а четири други се ранети во последниве 24 часа при артилериски напади врз градот Доњецк, соопштија денеска локалните сепаратистички власти.

Последиве денови во Доњецк, кој речиси целсно е под контрола на проруските сепаратисти, зачестија судирите меѓу украинските вооружени сили и сепаратистичките борци и покрај склученото примирје на 5 минатиот месец.

Според податоците на ОН, од стапувањето во сила на примирјето во источна Украина на 5 септември, па досега, во престрелки и артилериски напади загинале над 300 лица.

Украинските власти во реонот на Доњецк и Луганск ги контролираат само доњецкиот аеродром и неколку села, додека останатите населени места се во рацете на сепаратисите.

Лидерот на сепаратистите од Доњецк, Александар Захарченко на почетокот на неделава најави дека со властите во Киев било договорено повлекување на украинските сили од селата што се под нивна контрола, со цел да се формира тампон зона меѓу судрените страни, како што е предвидено со договорот за прекин на огнот.

Киев, меѓутоа, негира дека бил постигнат таков договор.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина