Тројца загинати во експлозија на автомобил бомба пред зграда во Могадишу

Од:

Најмалку три лица загинаа во експлозија на автомобил бомба пред зграда во која живеат службеници во турската амбасада во главниот град на Сомалија Могадишу, соопшти полицијата.

Полицискиот службеник Ахмед Мохамед изјави дека во експлозијата загинале еден сомалиски државјанин и двајцата напаѓачи, а други деветмина се повредени.

Во нападот се повредени двајца турски полицајци. Исламистичката група „Аш Шабаб“, које е поврзана со Ал Каеда, ја презема одговорноста за нападот.

– Муџахедински сили во Могадишу извршија операција, насочена против група турски дипломати во реонот на Ходан, објави „Аш Шабаб“ на својот Твитер профил.

Сомалија се обидува да заздрави по дведецениска граѓанска војна и безредиja со меѓународна помош и миротворци од Африканската унија и етипоиски војници.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија