Тројца војници на НАТО и нивниот авганистански преведувач, загинаа денеска во бомбашки напад во Авганистан.
Националноста на жртвите и други детали за инцидентот не се соопштени. Нападот е извршен во округот Сајдеабад, во источниот дел на Авганистан.
Првично беше соопштено дека бомбата била поставена покрај пат, но подоцна било утврдено дека експлозијата е предизвикана од бомбаш-самоубиец, за кого жртвите мислеле дека е земјоделец.
Повеќето странски војници, распоредени во Источен Авганиста, се Американци.