Тројца тинејџери повредени во напад со нож во средно училиште во Полска

Од:

18-годишен ученик нападнал со нож и ранил тројца соученици во средно училиште во градот Катаржина, во североисточна Полска, соопшти денеска портпаролката на полската полиција Катаржина Кучарска, пренесува АП.

Нападот се случил за време на часовите, а двајца oд избодените, тинејџер и тинејџерка се хоспитализирани и се во тешка состојба, додека на третиот му била укажана помош на лице место, рече Кучарска.

Тинејџерскиот напаѓач е уапсен, а полицијата и обвинителството спроведуваат истрага, изјави Елзбиета Лукасиевич, обвинител во блискиот полски град Остролека.

Нападите во училиштата и во Полска се многу ретки, пишува АП.

Би можело да ве интересира

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Млад маж со чекан го нападнал соседот, во притвор е заедно со неговите помагачи

А1он

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Руски напад на Криви Рог: Најмалку 18 загинати, меѓу кои и девет деца

Најмалку седум лица се повредени денеска во напад со нож во Вашингтон