Тројца полицајци вчера се убиени кога затвотреници осудени за тероризам се обиделе да побегнат од затворот Тора во Каиро, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.
Полицијата ги застрелала затворениците кои чекале на извршување на смртна казна.
Египетското Министерство за внатрешни работи не прецизира како затворениците се обиделе да побегнат.
Затворениците биле судени на смртна казна за различни случаи поврзани со тероризам и биле поврзани со Исламска држава.