Тројца обезглавени во бунт во затвор во Бразил

Од:

Во бунт во затвор во јужниот дел на Бразил тројца затвореници се обезглавени, а петмина се повредени, соопштија денеска бразилските власти.

Затвореници од затвор во градот Каскавел синоќа земале за заложници најмалку двајца полицајци и неколку други затвореници, изјави капетан Рикардо Пинто, нагласувајќи дека преговорите за ослободување на заложниците веќе траат повеќе од 12 часа.

-Бунтот почна изутрината, кога за време на појадокот е заробен еден од чуварите, изјави Пинто, додавајќи дека повеќе десетици затвореници се качиле на покривот на зградата, каде поставиле транспарент со иницијали ПЦЦ, што значи криминална банда формирана во затворот за време на 90-тите години.

Адвокатот на синдикатот на затворски чувари Жаиро Фереира изјави дека затворениците се бунтуваат поради лошите услови во затворот и дека бараат подобра храна и медицинска нега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск