Припадници на Ал Шабаб го нападнале седиштето на силите на Африканската унија во Сомалија и успеале да влезат во зградата со големо обезбедување, каде што убиле тројца африкански војници и еден цивил.
Сомалиските екстремисти веднаш ја презедоа одговорноста за нападот чија цел била да ги убијат насобраните на божиќната прослава во таа база, каде што се наоѓаат и некои амбасади и канцеларијата на ОН.
Портпаролот на мисијата на Афрканската унија АМИСОМ, Али Аден Хоумед, за „Асошиејтед прес“ изјави дека најмалку осум мажи влегле во базата и дека тројца од нив се убиени, двајца ги активирале бомбите кои што ги имале на себе, а за останите тројца се претпставува дека побегнале.
Базата АМИСОН се наоѓа кај аеродромот во Могадиш, кој што е погоден во тој судир.
Инаку движењето Ал Шабаб настана во 2000 година, како фузија на неколку сомалиски исламистички групи и Ал Каеда, а мотив за нивното постоење се сомалискиот национализам, желбата да се наметне Исламска држава со строгите шериетски закони и спроведување на џихад на глобално ниво.
Е. Г.