Тројца исчезнати во поплави во јужна Германија

Од:

Германските власти стравуваат дека најмалку три лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинале во поплавите предизвикани од поројните дождови во јужна Германија, јави ДПА.

Градските власти во местото Швабиш Гмунд, во областа Источен Виртемберг, соопштија дека од синоќа како исчезнати се водат еден маж кој се давели и пожарникар кој се обидувал да го спаси. Се стравува дека двајцата ги загубиле животите.

Полицијата соопшти дека се претпставува оти уште едно лице загинало во подземен паркинг во местот Вајзбах.

Министерството за внатрешни работи на покраината Баден-Виртемберг соопшти дека не може да го потврди билансот на жртвите. Портпарол на Министерството во Штутгард рече и дека се можни повеќе жртви меѓу пожарникарите вклучени во спасувачки мисии низ целиот регион.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски