Тројца морнари се водат како исчезнати откако нивниот брод минатата ноќ потонал по судир со рибарски брод во Северно Море во близина на брегот на Холандија.
Рибарскиот брод „Тексел 68“ и бродот „Марија“, кој требало да помогне во работата на нафтена платформа која се наоѓа на 40 километри југозападно од холандското пристаниште Ден Хелдер, се судриле околу 1:30 часот по полноќ , при што „Марија“ потонал.
Причините за судирот засега не се познати. Бродови на белгиската и холандската крајбрежна стража, како и еден хеликоптер пристигнале на местото на инцидентот по еден час и успеале да спасат две лица од екипажот на бродот „Марија“.
Според крајбрежната стража, не се исклучува можноста тројцата исчезнати да биле повлечени под водата од потонатиот брод.