Тројца египетски полицајци убиени во напад во Каиро

Од:

Исламистички милитанти убија тројца, а ранија петмина други полицајци, во вооружен напад, извршен доцна синоќа во Каиро, соопшти денеска египетското Министерство за внатрешни работи.

Напаѓачите, кои биле во две возила, отвориле оган врз безбедносен конвој, на главниот кружен пат, во реонот на каирскиот Наср Сити.

Засега никој не ја презде одговорноста за овој најнов напад на џихадистичките исламисти.

Во Каиро, сепак, се верува дека зад убиството и ранувањето на вкупно осум лица во синоќениот напад, се ноѓаат припадниците на египетските милитантни екстремисти, кои војуваат со безбедносните сили на Египет и извршуваат терористички напади против неистомислениците, по тргањето од власта на исламскиот претседател Мохамед Морси, во 2014 година и на неговото Муслиманско братство.

Минатиот месец, египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси, прогласи вонредна состојба по двата напади извршени врз две коптски христијански цркви, пред Велигденските празници, во кои беа убиени 45 лица.

Локалната ќелија на џихадистите на Исламска држава (ИД), која оперира и на Синајскиот полуостров, ја презеде одговорноста за овие два напади.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски