Тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) се вратија денеска на Земјата по повеќе од половина година поминати во Вселената, соопшти рускиот Центар за контрола на летање.
Вселенскиот брод „Сојуз ТМА-12М“ со руските астронаути Александар Скворцов и Олег Артемиев и нивниот американски колега Стивен Свонсон слетаа успешно во казахстанската пустина изутринава во 4:23 часот по московско време.
Тројцата астронаути мисијата ја почнаа на 26 март.
Новата експедиција кон МВС ќе полета на 26 септември. Рускиот вселенски брод „Сојуз ТМА-14М“ ќе биде лансиран на тој датум од космодромот Бајконур во Казахстан со тројца астронаути, Русите Александар Самокутјаев и Елена Серова и Американецот Бари Вилмор.