Трите водечки британски партии ветуваат нови широки овластувања за шкотскиот Парламент

Од:

Лидерите на трите водечки британски партии, ги оставија на страна меѓусебните разлики, и ветија дека доколку на референдумот за независност во четврток Шкотска гласа со „НЕ“, ќе добие посилен Парламент, пишува денеска шкотскиот весник „Дејли рекорд“.

Конзервативниот премиер, Дејвид Камерон, вицепремиерот од партијата на либералните демократи Ник Клег и лидерот на лабористите, Ед Милибанд се залагаат шкотскиот Парламент да добие нови суштествени овластувања во однос на даночната политика, расходите и финансирањето на основните јавни услуги како што е здравството.

Според посредникот за постигнување договор за овластувања на шкотскиот Парламент, поранешниот британски премиер со шкотска националност Гордон Браун ако Шкотланѓаните останат дел од Велика Британија предлог законот за предвидените овластувања на парламентот може да биде ставен на дневен ред во британскиот парламент уште во јануари следната година.

Во емотивниот говор во Абердејн вчера премиерот Камерон ја поддржа таа проекција.

Емотивен, речиси на раб на солзи, британскиот премиер ги повика Шкотлаѓаните да не го мешаат привременото со постајаното.

– Ако не ви се допаѓам, имајте предвид дека нема да сум вечно на оваа функција. Ако не ви се допаѓа оваа влада – тоа нема да биде вечно. Но ако го напуштите Обединетото кралство – тоа ќе биде засекогаш, изјави Камерон.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот