Триполи: Вмешувањето на Египет во либискиот конфликт е објавување на војна

Од:

Либиската Влада признаена од Обединети нации денеска соопшти дека предупредувањето од Египет за воено вмешување во конфликтот во Либија е „објавување на војна“.

– Тоа е непријателски акт, директно мешање и значи објавување на војна, се наведува во соопштението на либиската Влада.

Преттходно, претседателот на Египет, Абдел Фатах Сиси предупреду дека ако либиските владини сили стигнат до стратешкиот град Сирт, што сега е под контрола на Либиската национална армија под команда на генерал Халифа Хафтар, тоа може да доведе до „директно вмешување“ на Каиро.

Во меѓувреме либиската армија истакна дека предупредувањето на Сиси е неприфатливо и ја повика меѓународната заедница да „преземе одговорност“ при евентуална ексалација.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет