Најмалку 13 лица загинаа, 32 други се ранети денеска при експлозија на бомба во автобус со државни службеници во предградие на пакистанскиот град Пешавар, соопшти локалната полицијата.
Според полицијата, експлозивната направа била поставена во задниот дел на автобусот.
Засега никој не презеде одговорност за нападот.
Пакистанските милитантни бунтовнички групи често организраат напади врз владини службеници и објекти.