Тринаесет полицајци од африканската држава Нигер беа убиени денеска во напад на герилци кои дошле од соседната држава Мали. Нападот се случил неколку километри од селото каде на 4 октомври беше нападната група американски специјалци при што четворица од нив беа убиени.
Овој дел на Нигер се соочува со чести напади од страна на исламистичката група Боко Харам. Во денешниот напад, извршен во селото Ајоро, напаѓачите дошле со мотори и пик-ап камиони вооружени со фрлачи на гранати и тешки автоматски пушки. Безбедносните сили на Нигер испратиле засилуавања во обид да ги потиснат напаѓачите назад во Мали. Еден од напаѓачите исто така бил убиен.