Тригодишно дете почина – се застрела во глава со пушка што ја нашло дома

Од:

Тригодишно дете почина откако случајно си пукало во глава со пушка што ја нашло дома, возрасните биле во домот, но детето било само во собата кога ја нашло пушкатат и случајно се застрелало.

Детето, по име Кајден Голдман, било пренесено во детската болница во Бирмингем, Алабама, но за жал, било прогласено за мртво.

Полицијата во Бирмингем го истражува инцидентот. Мајката на Кајден, Адреана Џонс, го опиша својот син како паметно и интелигентно дете кое имало аспирации да игра фудбал и кое имало страст за диносаурусите.

„Моето бебе беше толку независно и точно знаеше што сака“, рече Џонс. „Тој беше добро дете. Не, тој беше одлично дете“, додаде таа.

Соседот, Јестија Тедфорд, која има четиригодишен внук, ги повика луѓето да не оставаат оружје достапно за децата.

Би можело да ве интересира

Секојдневен терор врз мајката од Скопје да и се земе четиригодишното дете, парите и врските појаки од правдата

Предраг Петровиќ

Мемеди: Во стабилна состојба e детето затруено со таблети

Горан Наумовски

Петгодишно дете испило таблети за спиење, итно е пренесено на Детската клиника во Скопје

Мечка гонела момче во Македонски Брод, детето не е повредено

Истрага за недозволено држење оружје во Скопје, предложен притвор

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава