Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

Од:

Тригодишно момче им подлегна на повредите по големата експлозија на новогодишен огномет во дом на Хаваи, и е четвртата жртва од пиротехнички средства во оваа американската држава за време на прославата на 2025 година.

Медицинскиот вештак го идентификувал тригодишното момче Касиус Рамос-Бенинг. По несреќата, лидерите на Хаваи ги засилија повиците за сузбивање на големата нелегална трговија со огномет во државата со зголемено спроведување на законот и построги казни.

Американската војска префрли шест повредени лица на лекување во Феникс бидејќи единствениот центар за изгореници на Хаваите нема доволно капацитет да ги лекува сите повредени.

Станува збор за лица на возраст од 20 до 40 години, а д-р Кевин Фостер, директор на Центарот за изгореници во Аризона, на прес-конференција рече дека лицето со најмалку повреди има изгореници на 45 отсто од телото, додека лицето со најтешките повреди има изгореници на речиси 80 проценти од телото.

Сите пациенти се на респиратор, а пет се во медицински индуцирана кома.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

Песков: Русија и САД имаат многу работа за решавање на украинската криза