Триесет и три жртви на одрон на земјиште во Непал

Од:

Во одрон на земјиште кое за време на викендот погоди едно село во северниот дел на Непал загинале најмалку 29 луѓе, соопштија локалните власти.

Во источниот дел на Непал утрово се случил уште еден одрон, кој затрупал три куќи во друго село, при што загинале четири лица, додека шестмина се водат како исчезнати.

Спасувачките екипи, составени од полиција и војска, со помош на локалните жители продолжуваат да ги трагаат по исчезнатите лица, два дена откако одронот на земјиштето, предизвикан од поројните дождови и поплави, затрупа десетици куќи во селото Манка, на околу 120 километри источно од Катманду.

Непалските власти, меѓутоа, ја исклучија можноста дека некој од 136-те луѓе, за кои се претпоставува дека се затрупани при одронот, би можел да биде пронајден жив.

– Не постои можност дека некој од исчезнатите би можел да биде пронајден жив под ова купиште од кал и урнатини. Имавме имиња на 159 луѓе кои се сметаа за исчезнати, односно затрупани, но би можело да бидат и повеќе – истакна непалскиот министер за природни катастрофи Јадав Прасад Коирала.

Спасувачите, истовремено, спасиле речиси 500 туристи кои биле заробени во близина на границата со Тибет, бидејќи одронот им го блокирал локалниот пат. Тие доцна синоќа биле евакуирани со хеликоптери во Катманду.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on