Триесет членови на престижната норвешка кралска гарда ќе бидат отпуштени поради користење дрога

Од:

Триесет членови на престижната норвешка кралска гарда ќе бидат отпуштени поради користење нелегални дроги за време на одмор, соопштија денеска норвешките вооружени сили.

Армијата беше информирана за употреба на нелегална дрога меѓу регрути за време на приватна забава летово. Првично, петмина признаа дека користеле дрога, а други 25 подоцна се изјаснија оти го сториле истото.

Засега нема детали околу тоа за какви дроги станува збор.

Во Норвешка воениот рок е задолжителен за машки и женски лица од 2015 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Дилери од Скопје во импровизирани бункери во Бутел чувале дрога

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски