Трибуналот во Бангладеш го обвини „Економист“ за хакирање

Од:

Трибунал за воени злосторства во Бангладеш го обвини британското списание „Економист“ дека упаднале во компјутерот на претседателот на Судот, за да запишат негови разговори и да имаат увид во електронската коресподенција со адвокат.

Магазинот не одговори веднаш на обвиненијата, но наведе дека располага со документи кои ја ставаат под сомнение работата на Судот.

Трибуналот води процеси против 10 политичари од опозицијата под обвинение за злосторства (силување, подметнување пожари и други криминални дела) извршени за време на војната за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година. Бангладеш тврди дека за време на војната пакистанските сили и локални приврзаници убиле три милиони луѓе и силувале околу 200.000 жени.

Меѓународните организации за заштита на човекови права повикаа за фер и непристрасни процеси и покренаа прашања како се раководи судот. Хјуман рајтс воч објави за непочитувања и изрази загриженост откако ја обвини полицијата за акција против адвокат од одбраната и за исчезнување сведок на одбраната.

Минатата недела Трибуналот го обвини „Економист“ за хакерски напад и побара објаснување како добиле е-маил пораки и разговори преку Скајп меѓу претседателот на Судот, Мохамед Низамул Хук и адвокатот Ахмед Зиаудин кој живее во Брисел и кој е со потекло од Бангладеш.

Обвинувањето се однесува за Адам Роберт од јужноазискиот деск на магазинот и за експертот за Азија Роб Гифорд, се вели во коминике на Судот кој се закани со судски процес ако не бидат доставени одговори на нивните барања.

Весникот тврди дека ако материјалот што го поседуваат се покаже како веродостоен, тоа ќе покрене сериозни прашања за работата на Судот. Од магазинот ги отфрлија барањата за предавање на материјалите без тие да бидат публикувани.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници