Три земјотреси ги погодија Северните Курилски Острови

Од:

Три земјотреси со јачина поголема од пет степени според Рихтеровата скала се регистрирани утрово во Тихиот Океан, во близина на Северните Курилски Острови, соопшти огранокот Сахалин на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.

Најновиот, трет земјотрес, се случи во 10:12 часот по локално време, односно во 2:12 часот по московско време, објави Интерфакс.

Земјотресот со јачина од 5,1 степени имаше епицентар на 127 километри источно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, на длабочина од 10 километри под морското дно.

Земјотресот беше почувствуван на Парамушир со јачина од два до три степени, но не беше издадено предупредување за цунами.

Два други земјотреси, со јачина од 5,2 и 5,3 степени, беа претходно регистрирани во истата област, од кои еден беше почувствуван и во Парамушир.

Во ниту еден случај немаше предупредувања за цунами.

Засега нема извештаи за штети или повредени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Седум последователни земјотреси ја погодија Шпанија: Наредена е масовна евакуација

Земјотрес во Гостивар и околината

A1on