Три можни сценарија на Киев за најавената пролетна контраофанзивa

Од:

Киев има три опции за можна пролетна контраофанзива, смета пензионираниот австралиски генерал Мик Рајан.

Според првото сценарио, Украина може да изврши еден голем напад, користејќи ги сите свои сили и ресурси, изјави генералот за британскиот весник „Дејли мејл“.

Втората варијанта подразбира поделба на силите на вооружените сили на Украина за симултан напад на југ и исток.

Третото можно сценарио, според мислењето на генералот, вклучува неколку помали напади кои не се меѓусебно координирани.

Од своја страна, пензионираниот американски генерал Стивен Твити претпоставува дека Украина ќе оди на третата варијанта, придржувајќи се до „тактиката на мали чекори“.

Украинските власти постојано најавуваат контраофанзива на нивните вооружени сили.

На 15 април премиерот на Украина Денис Шмигаљ изјави дека контраофанзивата на вооружените сили на Украина ќе започне што е можно поскоро.

Како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Москва внимателно ги следи сите изјави за планираната контраофанзива и ги зема предвид кога планира специјална операција.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР