Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Од:

Три лица загинаа при пад на приватен хеликоптер „Бел 206“ во општина Коџоакан, Мексико Сити, соопшти денеска министерот за јавна безбедност на Мексико Сити, Пабло Васкез Камачо.

„Јас сум во општина Коџоакан, каде што се урна приватен хеликоптер. Засега е потврдена смртта на три лица“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.

Министерот истакна дека полицијата во Мексико Сити ќе продолжи да работи во соработка со пожарникарите, Министерството за одбрана, спасувачите, обвинителството и аеродромот Фелипе Анџелес за расветлување на сите околности на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

„Билд“: Се урна хеликоптер во Германија, загинаа две лица

Горан Наумовски