Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа крај Гана

Од:

Хеликоптер, кој превезувал работници кон нафтена платформа на руската компанија „Лукоил“, се урна вчера во водите на Атлантскиот Океан крај брегот на Гана, при што загинаа најмалку три лица.

Четворица патници се спасени, а едно лице се води како исчезнато.

Управата за цивилна воздушна пловидба на Гана соопшти дека инцидентот се случил, откако хеликоптерот на ганската компанија „Волта Ривер Авиејшн“ полетал од западното пристаниште Такорад кон платформата „Џек Риаг“, во близина на наоѓалиштето Џубили.

Причината за несреќата засега не е позната.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана