Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти.
Очевидец ја пријавил експлозијата кај властите во средата околу 12 часот по локално време во округот Вилијамс, јавува ABC News.
Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот соопшти дека авионот „Бич В35“ се урнал во близина на градот Френклин.
– Не е јасно што ја предизвикало несреќата, но „се чини дека авионот се распаднал во воздух“, рече главниот заменик на шерифот на округот Вилијамсон, Марк Елрод.
Тој додаде дека делови од авионот биле расфрлани на површина од околу 800 метри.