Три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот, кој беше застрелан од полицијата, во напад во близина на синагога во Манчестер денес, соопшти градската полиција.
Во соопштението се вели дека нема ризик за јавноста и дека може да се очекуваат тековни активности во врска со инцидентот додека истрагата продолжува, објави Гардијан.
Се забележува дека полицајците се распоредени на клучни локации во градот. Полицијата ги повика жителите да ја избегнуваат областа во близина на синагогата.
Лондонската полиција денес распореди дополнителни полициски сили во близина на синагогите и другите места на еврејската заедница во градот, по нападот во синагога во Манчестер.
Порано денес, полицијата на Манчестер соопшти дека најмалку две лица се убиени во напад со автомобил и нож во близина на синагога во градот, и дека „уште тројца граѓани остануваат во сериозна состојба“.