Најмалку три лица се повредени, а четворица тинејџери се уапсени по инцидентот што се случи пред паб во Лондон, кога автомобил удри во група пешаци.
Инцедентот се случи синоќа околу 23 часот, по локално време пред пабот „Олд Квинс хед“.
Уапсени се четворица тинејџери на возраст меѓу 17 и 19 години, а кај нив се пронајдени два ножеви, еден во автомобилот, еден на тротоар.
Во соопштението на лондонската полиција стои дека при инцидентот се повредени една жена и двајца мажи, кои се хоспитализирани, но се надвор од животна опасност.
Лондонската полиција наведе дека инцидентот не е поврзан со тероризам.