Три лица починаа од студ во Чешка

Од:

Три лица починаа во текот на ноќта од студот во Чешка, каде што температурата се спушти до 20 степени под нулата, објавија чешките медиуми.

Жртви на смрзнување се 67-годишен маж од местото Плавех, еден од местото Храдец Кралове, како и 47-годишна жена од Рожнов.

За две од жртвите е утврдено дека се бездомници, изјави портпаролката на полицијата од Либерец Ленка Буришкова.

Метеоролозите од петокот предупредуваат на екстремно ниски температури во текот на викендот, што може да ги загрозат особено старите и болни луѓе како и децата.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица