Три куќи се уништени, а други три се пред колапс поради лизгање на земјиштето во северна Романија

Од:

Три куќи во село во северна Романија се уништени, а други три се пред колапс поради лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови во последните 24 часа, пренесува БТА.

Дваесет и три лица, меѓу кои пет деца, се евакуирани и сместени кај роднини или во локалната спортска сала.

Портпаролот на Инспекторатот за вонредни ситуации во округот Муреш изјави дека 23 лица од селото Аполд се евакуирани поради свлечиштата, од кои е погоден и едендел од патот во населбата, во должина од околу 50 метри.

Властите ќе ја следат ситуацијата во следните денови со оглед на опасноста од нови лизгање на земјиштето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он