Вишиот суд на канадската провинција Квебек осуди три мултинационални компании за цигари да им исплатат 15,5 милијарди канадски долари (11,4 милијарди евра) отштета на над еден милион пушачи во Квебек, кои настрадале поради пушењето цигари.
Компаниите осудени на оваа отштета, која е рекордна за Канада, се „Империал тобако“, „Ротманс Бенсон енд Хеџис“ и „Џапан Тобако Интернешнл“.
Тие најавија дека веднаш ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд на одлуката на Вишиот суд, со која всушност се стави крај на судски процеси, кои траат 17 години.
Две групни тужби против компаниите се поднесени од 1,02 милиони жители на Квебек, од кои некои почнале да пушат во 60-те години од минатиот век.