Три града се натпреваруваат за библиотека на Обама

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Иако мандатот на претседателот Обама трае уште две години, обидите да се најде локација за отворање на негова библиотека која ќе го претставува како претседател кој осум години бил на чело на САД, веќе се во тек.

Изборот, за сега е сведен на локации во три сојузни држави кои заземаа важно место во животот на претседателот Обама пред да влезе во Белата куќа. Тоа се Њујорк, Хаваите и две локации во Илионоис.

Во кампусот на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, главната библиотекарка Мери Кејс и нејзините колеги се надеваат дека еден ден нивната институција може да стане домаќин на Обамината Претседателска библиотека.

Кејси смета дека локацијата на Универзитетот, кој се наоѓа во близина на центарот на Чикаго е привлечна за Претседателската библиотека. А втората причина е:

– Разновидноста; нашиот Универзитет има најразновидна етничка популација во земјата и многу од нашите студенти имаа корист од реформите на Обама во имиграциониот систем.

Универзитетот во Илиноис во Чикаго е најголем Универзитет во тој град. Тука е сместена фондацијата за Библиотеката на Обама, непрофитабилна организација, која има за цел развој и собирање на пари за идната претседателска библиотека, музеј и фондација.

– Проектот кој опфаќа библиотека, музеј и канцеларии, како што е проценето, би чинел околу 500 милиони долари.

Претседателската библиотека за Универзитетот би била од економско значење и прашање на престиж. Иако Универзитетот се наоѓа во Чикаго, град кој претседателот Обама го нарече за свој дом, пред доаѓањето во Белата куќа, Мери Кејс признава дека им недостасуваат лични контакти до Обама и неговото семејство.

– Нема луѓе кои ги знаеме ние, а да се во контакт со него.

Меѓутоа нивните чикашки конкуренти имаат лични контакти. Неколку претседателски пријатели и поранешни советници работат на Универзитетот во Чикаго. На истиот Универзитет претседателот Обама предаваше уставно право пред да се сврти кон политиката.

Ден Вајнберг, сопственик на книжарата посветена на еден друг американски претседател, Абрахам Линколн, вели дека, ако претседателската библиотека се отвори во Чикаго, тоа би била прва претседателска библиотека во составот на Националната архива во државата Илиноис.

– Чудно е ние да ја немаме претседателската библиотека, но ако најголем конкурент е Њујорк, а Обама ќе се одлучи да се пресели во Њујорк, тогаш се паѓа во вода.

Њујоршкиот Универзитет Колумбија, на кој претседателот Обама ги завршил пост дипломските студии, исто така ја сака првата претседателска библиотека.

Четвртата локација која се разгледува е Хонолулу, родниот град на претседателот. Обама е единствен претседател роден на Хаваите. Со планот се предвидува изградба на објект на брегот на океанот достапен на 8 милиони туристи кои годишно ја посетуваат таа островска држава.

Вајнберг вели дека со предноста која ја има Чикаго, никој не може да се мери. А, тоа е врската на претседателот Обама со наследството на неговиот идол, претседателот Абрахам Линколн.

– Обама е врв на Линколновата прокламација за еманципација.

Конечната одлука е на претседателот Обама. Но, и ако се одлучи својата библиотека да ја изгради надвор од Чикаго, не е се изгубено за тој град.

Филмскиот режисер и креатор на Војни на ѕвездите, Џорџ Лукас го избра Чикаго за изградба на музејот на уметноста и филмот долж езерото Мичиген. Се планира објектот вреден 300 милиони долари да биде отворен во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак