Три држави имаат план за решавање на кризата во Белорусија

Од:

Литванија, Летонија и Полска подготвија план за решавање на кризата во Белорусија, изјави денеска литванскиот претседател Гитанас Науседа.

– Претседателите на нашите три држави подготвија план за решавање на ситуацијата во Белорусија. Тој содржи три точки, посочи Науседа.

Како прва точка ја посочи да прекине употребата на сила врз луѓето кои протестираат поради резултатите од претседателските избори. Втора точка е ослободување на приведените демонстранти, а трета е белоруските власти да почнат преговори со претставниците на невладините организации.

– Ако планот биде прифатен, нашите држави се подготвени да бидат посредници во организацијата на процесот за излез од кризата. Ако не биде прифатена иницијативата, на Белорусија може да и бидат воведени нови санкции.

Додека шефот на литванскиот дипломатија Линас Линкевисијус во интервју за руското радио „Ехо Москва“ изјави дека Минск треба да организира нови преседателски избори, бидејќи тие во неделата „не биле демократски и слободни“.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад