Трговијата со лажни лекови во Европа достигнува 10,5 милијарди евра

Од:

Продажбата на фалсификувани лекови на глобално ниво во 2011 година изнесува 60 милијарди евра, а само во Европа трговијата со лажни лекови достигнува 10,5 милијарди евра.

На овој ризик е изложен секој петти жител на ЕУ. Фалсификуваните лекови, кои лажно се претставуваат се тивок и подмолен убиец без посакуваниот ефект, а често содржат и отровни супстанци.

Хрватска денеска на Семинар за борба против фалсификуваните лекови ги собра домашните, европски и меѓународни експерти од Светската здравствена организација, Интерпол, Европол, Светската царинска организација и Советот на Европа. На семинарот е разговарано за важни прашања поврзани со фармацевтскиот криминал, врските со организираниот криминал и трговијата со лажни лекови, царински акции и илегална продажба на Интернет, пренесува Анадолија.

Министерот за внатрешни работи на Хрватсак Ранко Остојиќ, изјави дека глобално повразаниот свет е одлична подлога за сите видови на меѓународно организиран криминал.

Според него исклучително опасен е високо софистицираниот и исклучително профитабилен фармацевтски криминал што вклучува производство, трговија и дистрибуција на лажни, украдени и илегални лекови, медицински производи, како и лажни лекови што денеска најчесто се дистрибуираат преку Интернет.

Хрватскиот министер за задравство Рајко Остојиќ, нагласи дека 10 проценти од светската трговија е со незаконски лекови. Според него исклучително опасно е конзумирање лекови без посакуваниот ефект, што е еден вид на обид за убиство.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена