Трговците бараат Украина да го олесни извозот на пченица, има големи залихи

Од:

Украинската влада треба да ги укине дозволите за извоз на пченица бидејќи залихите се многу високи и продажбата нема да ги загрози резервите на храна, соопшти здружението на трговци УГА.

Владата во март воведе дозволи за извоз на пченица, пченка и сончоглед, а две недели подоцна ги укина ограничувањата за извоз на пченка и сончогледово масло.

Украина е еден од водечките производители и извозници на житни култури во светот и е најголем извозник на сончогледово масло.

„Украина има уште околу 12 милиони тони залиха, а помалку од три месеци не делат од новата жетва. Домашната потрошувачка може да изнесува околу 1,5 милиони тони“, се вели во соопштението на УГА.

Тие додаваат дека „укинувањето на дозволите за извоз ќе го поедностави механизмот на извоз на пченица и ќе го ослободи капацитетот за складирање на новиот род“, додаваат тие.

Поранешниот министер за земјоделство Роман Лешченко, кој поднесе оставка поради здравствени причини кон крајот на март, рече дека земјоделците посеале вкупно 6,5 милиони хектари зимска пченица за жетвата во 2022 година. Тој не сакаше да ја прогнозира жетвата бидејќи, како што рече, „ситуацијата не е целосно стабилизирана“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски