Тревога во Москва: Воздушната одбрана уништи пет украински беспилотни летала

Од:

Привремени ограничувања за летови се воведени на аеродромите Внуково, Домодедово, Жуковски и Калуга, објави РИА Новости.

Во меѓувреме, силите за воздушна одбрана уништија пет украински беспилотни летала во регионот Калуга, објави денес локалниот функционер Владислав Шапша.

Според него, во нападите нема повредени ниту материјална штета, пренесува Блиц, повикувајќи се на Танјуг.

Регионалната администрација на Иваново соопшти дека остатоците од украински дрон паднале во индустриска зона во Кинешма и оштетиле објект за складирање и пакување, но дека никој не е повреден.

Според руската агенција, нападите со украински беспилотни летала на руска територија се интензивирале во последните денови, како и врз Москва, а претходниот ден воздушната одбрана уништила 51 беспилотно летало во централниот округ.

Би можело да ве интересира

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Москва предлага пакт со НАТО

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

НАТО крена борбени авиони – руски и украински дронoви навлегоа во воздушниот простор на Латвија

А1он