Третата жртва од експлозиите на маратонот во Бостон е кинеска студентка, која студирала во овој град и чиј идентитет не се открива по барање на семејството, соопшти кинеската амбасада во Њујорк.
Таа заедно со своите пријатели го гледала пристигнувањето на целта на учесниците во маратонот.
И меѓу повредените има еден кинески државјанин, кој е опериран но е во стабилна здравствена состојба.
Другите две жртви на нападот се Американци – осумгодишно момче и 29-годишна жена, а 183 се повредени, од кои дел се наоѓаат во тешка состојба.