Трет пат во само три месеци Британците се соочени со терористички напади, кои ја разбрануваа британската јавност, предизвикувајќи страв и вознемиреност, но покренувајќи и низа прашања за тоа кој стои зад овие напади и зошто се случувват токму сега.
Во првиот напад, на лондонскиот мост Вестминстер, загинаа пет лица, мегју кои и странци, кога терористот со своето возило се втурна во пешаци на тротоарот. На 22 мај вкупно 22 лица, меѓу кои и седум деца, беа убиени од бомбаш самоубиец, додека излегуваа од концерт на поп пејачката Аријана Гранде во Манчестер.ж
Како што јави специјалниот известувачот на МИА од Лондон, синоќа, нешто по 22 часот по локално време (23 часот по средноевропско време), троïца мажи со бело комби прво намерно влетаа меѓа луѓе кои чекаа автобус на Лондонскиот мост, кој види кон финансискиот центар Сити, а потоа излегоа од возилото и со ножеви почнаа да ги бодат повредените.
Продолжувајќи ја својата крвава мисија. тие влегле во привите два локали во блискииот Бороу Маркет, популарно собиралиште за младите во саботните вечери. Полицијата интервенирала за само две- три минути и терористите биле ликвидирани, но седум лица беа убиени, а речиси 50 се повредени.
Во текот на ноќта, полицијата интервенираше и во реонот на Воксол, во јужен Лондон, но се покажа дека станува збор за локален инцидент, сосема независен од терористичиот напад.
Тројцата напаѓачи се убиени, но нивниот идентитет засега не е соопштен.
Според Скотланд Јард , засега нема сознанија за поврзаност на напаѓачите со некоја од познатите терористички мрези, додека премиерата Тереза Меј рече дека станува збор за „изолиран примитивен вандализам затскриен зад Исламот“.
Британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад рече дека напаѓачите најверојатно се радикални исламски терористи. – Како што рече премиерката, ние сме убедени дека тие биле радикални исламски терористи, според начинот на кој биле инспирирани и затоа сме должни до дознаеме повеќе од каде потекнува нивната радикализација, изјави Рад за телевизијата Ај-Ти-Ви.
Терористите имале на себе лажни експлозивни елеци, какви носат бомбашите самноубијци и извикувале исламистички и џихадистички пораки за победа на исламот, но се верува дека се дел од некоја од локланите британски милитантни исламистички ќелии.
Меј ја искористи ситуацијата за денеска одново да побара искоренување на радикализмот, не само на боиштата во Сирија и Ирак, туку и на британската почва.
Таа најави дека за осомницените за тероризам притворот ќе се продолзи, а најави и блокирање на пропагандата и на ширењето на џихадизмиот преку интернет.
– Не може провоке да се толерира обидот на исламистите да се измени британскиот начин на живот и да се создава атмосфера на хаос и безизлезност, рече Меј.
Британците, кои за четири дена излегуваат на гласање на предвремените парламентарни избори, се почесто прашуваат зошто два терористилки напади се случија во текот на оваа изборна кампања, додека други се загрижени што полоцијата и безбедносните агенции во 72 дена не успеаја да спрелат ниту еден од трите напади, во кои вкупно беа убиени 34 лица, а безмалку 200 беа ранети.