Трас ќе биде нова премиерка на Велика Британија

Од:

Лиз Трас е избрана за нова претседателка на британската Конзервативна партија, што значи дека ќе го наследи Борис Џонсон на функцијата британски премиер.

Трас добила 81.326 гласови, а за нејзиниот политички опонент, поранешниот британски министер за финансии, Риши Сунак, гласале 60.399 членови на Конзервативната партија.

Излезноста на внатрепартиските избори изнесува 82,6 проценти.

Трас во Владата на Џонсон ја извршуваше функцијата министерка за надворешни работи.

Трас ќе биде трета британска премиерка, по Тереза Меј и Маргарет Тачер.

Британската кралица Елизабета Втора утре во замокот Балморал во Шкотска ќе ја прими Трас и ќе ја именува за нова лидерка на ториевците и премиерка на Велика Британија. Потоа Трас ќе се врати во Лондон и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада.

Првата седница на новата британската влада ќе се одржи на 7 септември.

За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски