„Трампоманијата” се лади во Русија

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Порано постоеше преголемо следење во руските медиуми.

Порано, законодавците на Думата отвораа шампањ и држеа здравици во чест на „нашиот човек во Белата куќа”.

И еднаш, над се друго, постоеше оптимизам, чувство меѓу Русите дека по толку години на многу тензични односи меѓу Кремљ и администрацијата на Обама, претседавањето на Доналд Трамп ќе отвори пат на нова ера во односите меѓу САД и Русија, со залагањето на Трамп да „прави дилови” со Владимир Путин.

Дури, по бурни месец дена на измешани пораки од Белата куќа на Трамп, постојат се посилни знаци во Москва дека за односите Трамп-Русија треба сериозно преиспитување.

Популарниот таблоид Комосомолетс беше меѓу руските медиуми кои го притиснаа алармот: „Време е за нас да ја прекинеме Романсата со Трамп” – пишува колумнистот Михаљ Ростовски.

„Целосно е очигледно дека Трамп нема политички ресурси за да направи пресврт во американската политика во односите со Русија”.

„Треба да се дистанцираме од лажните илузии. Што побрзо, тоа подобро” – додаде Ростовски.

Ветувањата на кандидатот против политиката на претседателот
Навистина, премислувањето доаѓа поради расколот меѓу Трамп „од кампањата” и Трамп „кој претседава”.

Кандидатот Трамп ја повторуваше гласната поддршка на основните теми кои се важни за Москва, како Украина, НАТО и Сирија. Кандидатот Трамп предлагаше намалување на санкциите кои ги воведе Западот поради руската анексија на Крим, што беше вистинска можност.
Сепак, тие изјави изгледа набрзо се срушија во администрацијата на претседателот Трамп.

Во текот на последните неколку недели, највисоките функционери на администрацијата од потпретседателот до државниот секретар и секретарот за одбрана, како и амбасадорката во ОН, сите ги повлекоа предлозите за брз пресврт во односите со Москва.

Оставката на советникот за национална безбедност, Мајкл Флин, кој во Москва беше виден како соодветен за Русија, од Трамповиот тим за национална безбедност, отвори пат за нова загриженост.

Од тогаш, противењето на администрацијата за олеснување на санкциите, посебно се заостри, а тоа ја огорчи руската политичка елита.
Неколку високо рангирани законодавци го обвинија политичкиот естаблишмент во Вашингтон, дека готви заговор за да ја нарушат желбата на Трамп за подобри односи.

Но, Вјачаслав Володин, претседател на Думата и клучен советник на рускиот претседател, беше меѓу тие кои дозволија неговото незадоволство од Трамп да стане јавно познато.

„Мора еднаш да почне да ги исполнува ветувањата од кампањата” – забележа Володин, аргументирајќи го тоа со тоа што Американците го поддржаа Трамп во дел и поради неговата желба да ги поправи односите меѓу САД и Русија.

Навистина, промената на перцепцијата на администрацијата на Трамп го подели инаку единствениот про-Кремељ корпус, предизвикувајќи конфликти кои се граничат со бизарност.

Минатата недела, членовите на про-Кремељ Националното движење за независност (NIM) излегоа пред седиштето на државниот медиум Росија Севдонија, за да протестираат против „култот на Трамп”.

Во интервјуто кое следеше, лидерот на NIM, про-путиновски законодавец Евгени Феодорев, го обвини главниот шеф на пропагандата на Путин, Дмитриј Киселев, дека готви „заговор против Путин” поради улизувачкото следење на Трамп.

Киселев ја употреби својата неделна програма „Вести недели” за да ги осуди обвиненијата на Федоров како тривијални, но познавачите забележаа значително намалување на покривањето на Трамповите активности во емитувањето. (Напомена: Вториот сегмент на „Вести недели” неодамна го нападна лансираниот онлајн информативен канал Глас на Америка и Радио Слободна Европа на руски јазик „Сегашно време”).

Исти канали, различни вести

Навистина, по неколку месеци детално следење на американските избори во државните медиуми, покриеноста на активностите на претседателот Трамп во медиумите сега тешко е да се најде.

Челниците во Кремљ инсистираа дека промената на тонот не е ништо повеќе од руски замор од приказните за Трамп.

Но, останатите не се толку сигурни

„Според тонот на руските канали, беше невозможно да се разбере: Дали Доналд Трамп е избран за претседател на Русија, или Владимир Путин победи на изборите на САД” – пишува Лев Шлосеберг, либерален политичар од партијата Јаблоко, во блог пост посветен на победата на Трамп.

Сепак, „се покажа дека Трамп е претседател на САД” – продолжува Шлосеберг, забележувајќи дека администрацијата на САД почна да се противи на руската анексија на Крим.

„Како што тоа се случува со децата тинејџери, љубовта премина во омраза, во еден чекор” – додава тој.

Но Екатерина Шулман, политички аналист од Москва, за Гласот на Америка рече дека промената била осмислена.

Таа тврди дека руските медиуми станале „премногу заљубени” во приказната за Трамп, загрозувајќи го Путин на неговото свечено место на врвот на руската медиумска покриеност.

„Тоа не можеше да се одржи” – рече таа. „Може да биде само една ѕвезда во нашиот кириличен свет”.

Истраги насекаде

Во Вашингтон и Москва се водат најмногу истраги за наводните врски меѓу кампањата на Трамп и лидерите во Кремељ во трката пред ноемвриските избори.

Федералното истражно биро (FBI), Конгресот и независните медиуми, сите гледаат во врските на Трамп и Русија со зголемен интерес.

Навистина, претседателот Трамп изгледа дека ги прифати потенцијалните ограничувања на она што го претстави како попуштање со Москва во текот на својата прва официјална прес-конференција овој месец.

„Путин, претпоставувам, нема да биде во состојба да направи договор со мене, бидејќи политички не е популарно за мене да направам договор” – рече Трамп.

„Не знам дали ќе постигнеме договор. Не знам. Можеби би можеле. Можеби не” – додаде тој.

Кремљ мирен?

На крај, не се сите подготвени во Москва да повлечат рачна по прашањето за релаксација на односите со Белата куќа на Трамп.
Сергеј Марков, про-Кремељ политички аналитичар е меѓу тие гласови кои инсистираат дека на американскиот претседател едноставно му треба подолго време.

„Ние разбираме дека Трамп не е подготвен да направи пресврт во надворешната политика” – напиша Марков во пост на Фејсбук. „Времето за унапредување на односите со Русија ќе дојде откако Трамп ќе зајакне на домашен терен”.

А паниката во Кремљ? Не се плашете, инсистира Марков „Тие имаат челични живци. Нервозата таму не трае долго”.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден