Трамп: Започната е новата фаза од мировниот план за Газа

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека, како што објави специјалниот пратеник за Западна Азија, Стив Виткоф, официјално започна нова фаза од мировниот план од 20 точки за Газа.

Трамп објави дека откако е воспоставен прекинот на огнот, неговиот тим помогнал во испораката на она што тој го нарече „рекордни количини хуманитарна помош за Газа“, која стигнала до цивилите „со историска брзина и обем“, со признание од Обединетите нации. Според него, овие резултати ги поставиле темелите за нова фаза од планот.

Тој додаде дека, како претседател на Комитетот за мир, ја поддржува новоназначената палестинска технократска влада, Националниот комитет за управување со Газа, кој, со поддршка на високиот претставник на Комитетот, треба да управува со територијата за време на преодниот период.

Би можело да ве интересира

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

ВИДЕО: Нејасни пораки, конфузно објаснување за Иран – што кажа Трамп во најдолгото годишно обраќање на нацијата

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран

Новите глобални царини на САД стапија на сила