Трамп загрижен дека изгледа неодлучен, побарал уште вчера да ја напушти болницата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше хоспитализиран поради инфекција со коронавирус, вчера побарал да биде пуштен од болница, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори.

Изворот навел дека Трамп сака да ја напушти болницата, затоа што неговиот престој таму, според неговата перцепција, прави тој да изгледа како колеблив човек и проектира слабост пред гласачите на претстојните избори, закажани за 3 ноември.

„Њујорк Тајмс“ исто така објави дека американскиот претседател сакал што побргу да ја напушти болницата.

Состојбата на Трамп продолжи да се подобрува, а во Белата куќа се надеваат дека тој ќе ја напушти болницата во текот на денот, јави „Фокс њуз“, повикувајќи се на изјавата на шефот на кабинетот на Белата куќа, Марк Медоуз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини од тинејџерска шега до општествен феномен

A1on

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ