Трамп за нуклеарната закана од Северна Кореја: Тоа нема да се случи!

Од:

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на неговиот Твитер профил реагираше на тврдењето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека Пјонгјанг е близу до пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета.

– Северна Кореја тврди дека е во последната фаза за развој на нукеларно оружје што ќе може да достигне делови на САД. Тоа нема да се случи!, напиша Трамп на Твитер.

Претходно, Ким изјави дека „истражувањето и развојот на најмодерната воена опрема активно напредува и подготовките за пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета се во последна фаза“.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро