Трамп за Иран: „Тие повеќе не се агресори на Блискиот Исток“

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран повеќе не е „агресор на Блискиот Исток“ и оцени дека неговата воена моќ денес е само „мал дел“ од она што беше пред неколку месеци.

Зборувајќи за време на состанокот со новиот ирачки премиер, Трамп рече дека Иран порано беше голем товар за Ирак.

– Иран беше агресор на Блискиот Исток, но повеќе нема да биде таков проблем бидејќи е многу дестабилизиран. Неговата воена моќ денес е само мал дел од она што беше пред само четири месеци, рече Трамп.

Претседателот на САД претходно тврдеше дека заедничката американско-израелска воена операција против Иран, започната кон крајот на февруари, сериозно ги ослабна иранските вооружени сили.

Трамп, исто така, ги отфрли тврдењата дека жали за претходното ублажување на притисокот врз Техеран, вклучително и укинувањето на поморската блокада и некои санкции, и покрај неодамнешните ирански акции во Ормутскиот теснец.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит