Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите возила

Од:

Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД почнувајќи од полноќ.

Критикувајќи го трговскиот дисбаланс, Трамп рече дека понекогаш „пријателите се полоши од непријателите“ кога станува збор за трговијата.

„На пример, повеќе од 80% од автомобилите произведени во Јужна Кореја се продаваат во Јужна Кореја, а повеќе од 90% од автомобилите што се продаваат во Јапонија се произведени во Јапонија“, рече тој. Тој додаде дека автомобилите произведени во САД, како Форд, имаат само симболично присуство на тие пазари, што, според него, „ја опустоши американската автомобилска индустрија“.

„Затоа, почнувајќи од полноќ, ќе стапи на сила царината од 25 отсто за сите возила од странско производство“, најави Трамп.

Доналд Трамп држеше голем графикон со наслов „Реципрочни тарифи“, на кој се прикажани новите царини што САД ги воведуваат кон одредени земји, а се наведени и оние што тие земји веќе и ги наметнуваат на Америка.

Како што е прикажано, увозот од Обединетото Кралство ќе биде оптоварен со царина од 10%, а увозот од Европската унија со 20%. Тој повторно жестоко ги критикуваше Кина и ЕУ, велејќи: „Не пљачкосуваат. Тажно е да се гледа. Мизерно е“.

Доналд Трамп на големиот графикон со наслов „Реципрочни тарифи“, ги покажа тарифите што другите земји ги наметнуваат на САД во споредба со американските царини за нив.

„Тие ни наплаќаат, ние им наплаќаме. Кој може да се лути? рече Трамп, со бурна реакција од публиката. Тој особено ги издвои Кина и Европската Унија, велејќи дека „не дерат, жално е да се гледа. Мизерно е“.

Насобраните на настанот во градината на Белата куќа силно позитивно реагираа на пораката на Трамп – што не е изненадувачки. Десно од говорницата, работници со градежни шлемови седеа во два реда, гласно извикувајќи „Така е!“ и “Одиме!” додека претседателот зборуваше.

Речиси сите посегнаа по своите мобилни телефони за да го овековечат моментот кога Трамп држеше голем, дебел документ со детали за новите царински мерки.

Ова е денот на ослободувањето кој долго го чекавме. Овој датум секогаш ќе остане запаметен како ден кога заживеа американската индустрија“, рече Доналд Трамп на почетокот на својот говор.

Тогаш претседателот на САД зборуваше за тоа дека „земјата повеќе нема да биде ограбувана од пријателите и непријателите“, како и дека потпишал „историска извршна наредба“ за воспоставување реципрочни царини за стоки од земјите ширум светот.

„Ова е еден од најважните денови во американската историја. Ова е нашата декларација за економска независност. Другите нации се збогатија на наша сметка, но сега е наш ред да бидеме просперитетни. Притоа, ќе искористиме трилиони долари за да го намалиме надворешниот долг и да ги намалиме царините. Со денешниот потег, ќе ја направиме Америка помоќна од кога било досега“, рече Трамп.

Тој тврди дека овие царини „ќе ја вратат индустријата во САД“ и „ќе ги урнат странските бариери за меѓународната трговија“.

„Златното доба на Америка се враќа“, додаде американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Трамп изненаден што Русија нема да игра на Светското првенство во 2026 година

А1он

(ВИДЕО) Индија испука ракети кон Пакистан, цел беа неколку локации: Исламабад најави жесток одговор

Предраг Петровиќ