Трамп воведе тарифи, паднаа акциите на автомобилските компании: Се огласија Канада, Јапонија и ЕУ

Од:

Канада наскоро ќе одговори на новите царини за увезените возила што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и може да воведе реципрочни мерки против САД, изјави канадскиот премиер Марк Карни, коментирајќи ја најавата на американскиот претседател дека од април ќе воведе царини од 25 отсто на тој сегмент.

Карни го нарече потегот на Трамп „директен напад“ и им рече на новинарите дека во ќе свика состанок на владата за да одлучи за одговорот. „Ние ќе ги браниме нашите работници, ќе ги браниме нашите бизниси, ќе ја браниме нашата земја и ќе ја браниме заедно“, рече тој во Киченер, Онтарио.

Тарифите инаку би можеле да и наштетат на високо интегрираната северноамериканска автомобилска индустрија. Канада веќе објави пакет одмазднички тарифи во вкупна вредност од 155 милијарди канадски долари, за кои рече дека ќе бидат воведени во фази, во зависност од потезите на Трамп.

На прашањето кога Канада ќе одговори, Карни рече: „Тоа ќе се случи наскоро, имаме опции. Можеме да наметнеме контратарифи“.

Во исто време, јапонскиот премиер Шигеру Ишиба рече дека Токио ќе ги стави „сите опции на маса“. Ишиба во локалниот парламент ги истакна значајните инвестиции на Јапонија во САД, како и фактот дека таму отвора работни места.

„Јапонија е земјата која инвестира најголема сума во Соединетите држави, па се прашуваме дали има смисла Вашингтон да применува униформни царини за сите земји. Тоа е она што го истакнавме и ќе продолжиме да го правиме тоа“, нагласи тој.

Аналитичарите истакнуваат дека овој потег може да и нанесе тежок удар на јапонската економија со оглед на нејзината зависност од извозот на автомобили во САД. Автомобилите учествуваа со 28,3 отсто од вкупниот извоз на Јапонија во САД во 2024 година, што е највисок сооднос меѓу сите извозни производи.

„Мораме да размислиме што е најдобро за националниот интерес на Јапонија. Ги ставаме сите опции на маса за да го разгледаме најефективниот одговор“, истакна Ишиба, без да ги прецизира можните чекори што може да ги преземе Токио.

Незадоволство од најавата на Трамп изрази и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „Длабоко жалам за одлуката на САД да воведат царини за автомобили. Тарифите се даноци – лоши за бизнисите, уште полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ. ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, додека ги штити своите економски интереси“, напиша таа на X.

Акциите на Џенерал Моторс паднаа за осум отсто во тргувањето по работното време, а акциите на Форд и Крајслер, матичните Стелантис, со кои се тргува во САД, паднаа за по околу 4,5 отсто. Во Азија акциите на Toyota Motor, Honda Motor и Hyundai Motor паднаа за околу три отсто.

Би можело да ве интересира

Иран: Никогаш нема да дозволиме некој друг да одлучува за нашата судбина

Трамп: Го спасив ајатолахот Али Хамнеи од многу грда и срамна смрт

Аракчи: Трамп мора да го почитува Хамнеи ако сака нуклеарен договор

Трамп: Ако има конфликт со Северна Кореја, ние нема да бидеме вклучени во него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ретки минерали за САД, помали царини за Кина – што има во договорот меѓу велесилите

Катерина Ѓуровски

Блумберг: Трамп се откажа од прекинот на огнот во Украина