Трамп воведе нов бран царини: Погодени се повеќе од 60 земји

Од:

Соединетите Американски Држави воведуваат нов пакет царини за увоз на стоки од повеќе од 60 земји, со стапки што ќе се движат од 10 до 12,5 проценти, соопшти Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, пренесува Си-Ен-Ен.

Новите мерки ги опфаќаат големите трговски партнери на Вашингтон, меѓу кои се Европската Унија, Кина, Индија и десетици други држави, а стапуваат во сила во период кога истекува претходната речиси универзална царина од 10 проценти што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе претходно оваа година. Во меѓувреме, Врховниот суд на САД ја оцени таа мерка како неуставна.

Од Белата куќа порачаа дека администрацијата нема да дозволи трговската политика на претседателот да биде ограничена од судски одлуки или други пречки и најавија дека ќе продолжи со мерките за заштита на американските економски интереси.

Одлуката следува по повеќемесечна истрага на американските трговски власти за сомнежи дека дел од увозните производи се произведуваат со принудна работа, како и по оценките дека одредени земји не преземаат доволно мерки за спречување на таквите практики.

Новите царини предизвикаа реакции кај американските трговски партнери. Европската Унија ги оспори мерките, а високата претставничка за надворешна политика Каја Калас ги оцени како „непријатно изненадување“ и ги отфрли обвинувањата за принудна работа како неосновани. Сличен став изрази и Швајцарија, додека Норвешка соопшти дека засега нема да воведува реципрочни царини за американски производи.

Според американските власти, царините ќе се применуваат на широк спектар увозни производи, но од нив ќе бидат изземени одредени категории, меѓу кои нафтата, природниот гас и стоки што не можат да се произведуваат во САД.

Економските аналитичари оценуваат дека новите мерки веројатно нема веднаш да предизвикаат значително поскапување за американските потрошувачи, бидејќи во голема мера претставуваат продолжување на постојниот царински режим што веќе го плаќаат увозниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик