Трамп во жесток судир со премиерот на Гренланд: „Не знам кој е, но е во неволја“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, и рече дека дури и не знае кој е.

Нилсен претходно изјави дека ако Гренланд треба да избере помеѓу Данска и САД, секогаш ќе ја избере Данска.

– Сега се соочуваме со геополитичка криза и ако треба да избереме помеѓу Соединетите Американски Држави и Данска тука и сега, тогаш ја избираме Данска. Го избираме Гренланд каков што го знаеме денес, кој е дел од Кралството Данска, рече Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген.

Неговата изјава беше дочекана со неодобрување од американскиот претседател.

„Тоа е нивен проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој. Не знам ништо за него, но тоа ќе биде голем проблем за него“, рече Трамп.

Иако арктичкиот остров со 57.000 жители долго време дебатира за својата независност од Данска, анкетите на јавното мислење покажуваат дека жителите на Гренланд се во огромно мнозинство против идејата за приклучување кон Соединетите Американски Држави. Таа загриженост се одрази на изборите во март минатата година, кога тројца од четворица гласачи од Гренланд ги поддржаа партиите кои се залагаа за бавен пат кон независност.

Министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска ќе се сретнат во Вашингтон во среда (14 јануари) со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и државниот секретар Марк Рубио, по обновените закани за преземање на контролата врз Гренланд.

Би можело да ве интересира

Трамп: Тврдењата дека Моџтаба е хомосексуалец е лош почеток за иранското раководство

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Трамп сака брзо да ја заврши војната со Иран, постави рок

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го разгледува американскиот предлог, но не е заинтересиран за преговори

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ