Трамп: Верувам дека Кина ќе почне да ги осудува луѓето на смрт за производство на фентанил

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти Кина ќе почне да ги осудува луѓето на смрт за производство и дистрибуција на фентанил.

Зборувајќи на настан за потпишување на Законот „Стоп на фентанил“, на кој присуствуваа членови на семејствата на луѓето кои починале од предозирање со дрогата, Трамп рече дека вовел царини за Кина „поради фентанилот“, објави Ројтерс.

– Мислам дека ќе го решиме тоа така што Кина на крајот ќе премине на смртна казна за луѓето кои го произведуваат овој фентанил и го испраќаат во нашата земја, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Овца со четири рога во зоолошка градина во Кина

А1он

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина