Трамп вели дека би дозволилил руски напад на членка на НАТО, се редат жестоки реакции

Од:

Високи западни функционери денеска го критикуваа поранешниот американски претседател и можниот кандидат за враќање во Белата куќа, откако тој навести дека можеби нема да дојде на помош и да ги заштити сојузниците на НАТО од потенцијална руска инвазија, доколку продолжат да не ги финансираат трошоците за одбрана.

Трамп, раскажувајќи за средбата со лидерите на НАТО за време на вчерашниот политички митинг во Јужна Каролина, го цитираше претседателот на една „голема земја“, која не ја именуваше, кој го прашал: „Па, господине, ако не платиме и сме нападнати од Русија – ќе не заштитите ли?“ Трамп, користејќи свои зборови, одговорил дека нема да ги штити тие што не платите.

Додека беше претседател, Трамп го прекина финансирањето на НАТО и често се жалеше дека Соединетите држави плаќаат повеќе од нивниот фер удел. „Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува нашата безбедност, вклучително и онаа на САД, и ги става американските и европските војници на зголемен ризик“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ќе одговориме обединето и силно на секој напад врз НАТО“, додаде тој. Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш рече дека мотото на НАТО „Сите за еден, еден за сите“ е конкретна обврска. „Поткопањето на кредибилитетот на сојузничките земји значи слабеење на целото НАТО. Ниту една изборна кампања не е изговор за играње со безбедноста на Алијансата“, напиша Косинијак-Камиш на X.

Германското Министерство за надворешни работи ја објави пораката на Х: „Сите за еден, еден за сите“, со дополнување #ПосилниЗаедно. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на X напиша дека „непромислените изјави за безбедноста на НАТО и членот 5 за солидарност се исклучиво во интерес на Путин“. Белата куќа вчера ја отфрли изјавата на Трамп како „ужасна и непромислена“.

Запрашан за зборовите на Трамп, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс рече: „Поттикнувањето на инвазијата на нашите најблиски сојузници од убиствените режими е ужасно и непромислено – и ја загрозува националната безбедност на Америка, глобалната стабилност и нашата економија“.

Северноатлантскиот договор содржи одредба која гарантира заемна одбрана на земјите-членки во случај на напад. Трамп, фаворит за републиканската претседателска номинација, беше жесток критичар на Организацијата на Северноатлантскиот договор за време на неговиот мандат како претседател, постојано заканувајќи се дека ќе се повлече од Алијансата. Тој го прекина финансирањето на НАТО и често се жалеше дека Соединетите Држави плаќаат повеќе од својот дел.

„Наместо да повикува на војни и да промовира хаос, претседателот Бајден ќе продолжи да го зајакнува американското лидерство и да се залага за нашите национални безбедносни интереси – не против нив“, рече тој во изјавата објавена вчера.

Со оглед на тоа што Трамп пред Бајден во некои анкети, европските сојузници се загрижени дека победата на Трамп во ноември може да ја загрози посветеноста на САД кон алијансата, но генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатиот месец рече дека не мисли дека второто претседателство на Трамп ќе го загрози членството.

Столтенберг, кој ги притиска земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана, рече дека европските сојузници го зголемуваат воениот придонес и „се движат во вистинската насока“. Трамп продолжува да ја напаѓа трансатлантската алијанса, па на предизборниот митинг минатиот месец рече дека не верува оти земјите од НАТО би ги поддржале САД доколку бидат нападнати.

Што се однесува до руската војна во Украина, Трамп повика на деескалација и се пожали на досега потрошените милијарди, но изнесе и неколку политички предлози. Од инвазијата на Москва во февруари 2022 година, американската помош за Украина изнесува околу 75 милијарди долари, рече Столтенберг, додека другите членки на НАТО и партнерските земји заеднички обезбедија повеќе од 100 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО