Трамп: Вечерва излегувам од болница, се чувствувам подобро отколку пред 20 години

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека околу 18.30 по локално време ќе ја напушти воената болница „Волтер рид“, во која беше згрижен од петокот поради инфекција со коронавирус.

„Ќе го напуштам одличниот медицински центар „Волтер Рид“ денеска во 18:30 часот. Се чувствувам навистина добро! Не плашете се од Ковид. Не дозволувајте тоj да доминира во вашиот живот. Под администрацијата на Трамп, развивме навистина одлични лекови и знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години!“,објави американскиот претседател на Твитер.

Неколку американски медиуми, повикувајќи се на извори блиски на претседателот, денеска објавија дека Трамп, загрижен дека престојот во болницата го нарушува неговиот имиџ кај гласачите пред претстојните избори, уште вчера побарал да биде отпуштен од клиничкиот центар .

 

 

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он